Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград!
ХРОНИКА

Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград!

Објавено April 28, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Денеска во Кривичниот суд на прашања од обвинителите одговараше првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Обвинителката Жаклина Јосифовска го праша Палевски каде всушност одел, кога тргнал на пат за Белград, четири дена по убиството на Вања, со оглед на тоа дека тој претходно тврдеше дека го боли половината и одел натака за второ мислење за болеста но, според обвинителката, тој со себе немал ни еден лист од медицинската документација, туку носел цела опрема за подкаст.

„Имав две цедиња во куферот, Обвинителството ми ги украде”, кажа Палевски.

На прашање за тоа зошто како совесен граѓанин, откако видел дека неговата слика е низ медиумите, не се вратил од Баликесир, Палевски одговори дека иако му било јасно дека е осомничен и ќе го уапсат, сепак не знаел таму ни полицијата, ни судот кај се.

Тој додаде дека нема забелешка за турската полиција, освен една.

„Кога ме уапсија, ме тргна еден од инспекторите, ме сликна и на Whatsapp му ја прати на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Потоа таа фотографија беше проследена до медиумите”, одговори Палевски.

Обвинителката се врати на 22.11.2023 година, односно денот кога беше грабнат и убиен 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со констатација дека Палевски измислил дека го сретнало некое лице тука во Скопје, но првообвинетиот тврди дека тоа лице постоело и било претепано во истрагата.

Сепак, Палевски не може да се сети на неговото име и презиме.

„Има сериозни последици. Јас не можам да се сетам на неговото име и презиме. Додека ја шетав Хера, среќавав многу луѓе. Благодарение на медиумите, не прифаќаат покани за сведочење”, ги обвини Палевски медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се качил на покрив на таксито за да го одбрани од “Пајакот”
Следна Статија Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Косовски државјанин приведен за поткуп на Блаце, му дал 10 евра на цариникот

Косовски државјанин е уапсен на ГП Долно Блаце за поткуп. Според информациите на МВР, тој во пасошот ставил 10 евра…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Почина Д-р Коста Балабанов, еден од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство

На ден 5.2.2026 година на 96 годишна возраст почина Д-р Коста Балабанов. Посмртните останки ќе бидат изложени на 7.2.2026 година-сабота…

February 6, 2026
ХРОНИКА

Скопјанка пронајдена почината, познат нејзиниот идентитет

На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена…

June 10, 2026
ХРОНИКА

Пожарникар нападнат во Куманово

На 11.02.2026 во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово.…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?