Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Член на Надзорниот одбор на М-НАВ избран без соодветен степен на образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Член на Надзорниот одбор на М-НАВ избран без соодветен степен на образование
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорниот одбор на М-НАВ избран без соодветен степен на образование

Објавено March 28, 2025 10:19
Сподели
Сподели

За да бидете член на надзорниот одбор на акционерското друштво „М-НАВ“, треба да имате најмалку 240 кредити, односно да имате завршено 4-годишно високо образование. Но, тоа не важи за Милорад Милановиќ, кој веќе шест месеци е избран за член на надзорниот одбор и тоа само со средно образование пренесува Алсат.

И според неофицијални информации, тој го завршил средното образование во Црна Гора, а неговата диплома не е нострифицирана. Милановиќ е вработен и во М-НАВ, што значи дека со неговото назначување за член на надзорен одбор се прекршуваат членовите 72 и 73 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Парадоксално е што Милановиќ треба да ја надгледува и оценува сопствената работа како вработен во М-НАВ.

Милановиќ како член на надзорниот одбор попречува различни процедури за потребите и развојот на М-НАВ. Конкретен пример е попречувањето и неодобрувањето на тендерот за обезбедување на објектите на М-НАВ, откако пред 5 месеци заврши претходниот договор потпишан со компанијата 2СС. Овој договор е вреден над 50 илјади евра, па затоа е потребно одобрение и од надзорниот одбор. Како што неофицијално дознава Алсат, овие пречки се прават со цел Управниот одбор да се прикаже како ненадлежен пред Владата, бидејќи Владата има иницијатива М-НАВ да ја води само еден генерален директор, а не сегашните тројца. Во моментов, М-НАВ е предводена од директори од три сектори. Сектор за контрола на летање, сектор за навигација и финансиски сектор.

Милановиќ не е првпат да биде избран за член на надзорниот одбор. На оваа функција беше и пред да дојде СДСМ на власт. Потоа, во декември 2017 година беше разрешен со одлука на тогашниот вицепремиер Оливер Спасовски. Милановиќ беше дел и од „бомбите“ што ги објави тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, за кој се слуша како раскажува како ВМРО ги разрешува непотребните и оние кои не мислат подеднакво.

Надзорниот одбор на М-НАВ го сочинуваат тројца членови, Милорад Милановиќ, Горан Јандреоски и Ријад Алими.

Извор: Алсат

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – Испуштија предност од пет поени за само 13 секунди
Следна Статија Исто како Груевски: Унгарија планира да му помогне на Додик да избега од БИХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје, ѓубре ти ќе бидеш! (ФОТО)

Ѓубре кое се излева од контејнерите, непријатна миризба околу нив. Скопјани повторно коментираат за хигиената во метрополата. Фотографијата споделена на…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше свој панел и излагање на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на иднината и реформите…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?