Шокантен билборд осамна во Ваљево

Црн двоглав орел на албанското знаме како го дави белиот орел, симбол на српското знаме, осамна на билборд во Ваљево, пренесува српски Блиц.

Што точно се случило засега не е познато, освен што реакцијата на оваа сцена, барем на социјалните мрежи е доста бурна. Фотографијата е објавена на страната на Инстаграм valjevo_live.

По коментарите на фотографиите се јави човек кој вели дека е сопственик на билбордот.

„Јас сум сопственик на билбордот кој беше хакиран синоќа. Штом дознав го исклучив, а случајот ќе биде пријавен до надлежните органи“, пишуваше под објавата.

Сподели ја оваа статија