Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август
ХРОНИКА

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

Објавено July 17, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога е одложено за 7 август.

Судот претходно информираше дека Трајковски бил во неконтактибилна и дезориентирана состојба, поради што бил итно пренесен во болница, но подоцна стигна информација дека неговото транспортирање се одложило поради потреба од полициска асистенција.

Судијата посочи дека судот не може да чека цел ден да се однесе обвинетиот на лекар и го презакажа рочиштето за почетокот на август. Обвинителството, во меѓувреме, ја навести и можноста за ново психијатриско вештачење откако обвинетиот доставил мислење дека не е способен да го следи процесот.

Станува збор за случај што произлегува од долготрајна истрага спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал, во која првично беа опфатени вкупно 16 лица. Дел од нив веќе склучија спогодби со обвинителството и добија затворски казни, а главното рочиште треба да ги опфати останатите десетмина обвинети. Според обвинението, групата функционирала со јасно утврдена структура, а дрогата се чувала во изнајмени станови и се продавала на црниот пазар по однапред утврдени цени. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку мобилни апликации, а клучни докази биле обезбедени преку анализа на телефонски уреди со специјализиран софтвер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта
Следна Статија Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ

Љупчо Палевски денеска демантираше дека сакал да бега во Русија па дури и дека имал резервирано авионски билет за Москва.…

April 14, 2025
ХРОНИКА

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?