Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што ветил Таравари на фирмата „Ѓока“ од Албанија за паркингот на Клинички центар?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Што ветил Таравари на фирмата „Ѓока“ од Албанија за паркингот на Клинички центар?
ПОЛИТИКА

Што ветил Таравари на фирмата „Ѓока“ од Албанија за паркингот на Клинички центар?

Објавено August 27, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права. Вистината е многу едноставна и болна.

Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат.

Ставот на АА

Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски фрлаат отров, станува јасна една непобитна вистина: тие се шампиони на клеветата и ништо од тоа што го зборуваат не држи. Редовните клевети што ни ги сервира „Белиот дворец“ се само очајнички обиди да се пренасочи вниманието на јавноста од нивните постојани неуспеси, порачува во соопштение до медиумите крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, што МИА го пренесува интегрално.

ВМРО-ДПМНЕ беше во локална коалиција со Алијансата за Албанците, а до вчера и на централно ниво. Чудно е зошто досега немаа ниту една забелешка кон АА и претседателот Арбен Таравари, додека денес, откако им ги расипавме мрачните планови против Албанците во Македонија, мизерно се обидуваат да плетат лаги и басни.

И потсетуваме на ВМРО на масовната корупција што ја имаа во времето на Груевски и сè уште со гордост држат околу себе корумпирани функционери со кривични дела. Заедно со неговиот експеримент ВЛЕН обвинуваат за еден паркинг кој никогаш не беше изграден и не изнесоа ниту еден факт за злоупотреба, додека и денес нивните рушевини од корупција стојат во Вардар, во центарот на Скопје, и не можат да се измијат ниту со водите на реката, ниту на езерото, ниту на кој било океан.

Арбен Таравари и Алијансата за Албанците не се фатени од никого и не се резерва на никого. Нашите одлуки се автономни и независни од надворешни фактори. Поради таа причина решивме без ни најмала жал или двоумење да излеземе од оваа антиалбанска и антиевропска влада, покажувајќи дека АА не може да се уценува, да се купи или да се продаде.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Интерната комисија располага со потребната документација, супервизија од странските доктори ќе ја увери јавноста во објективноста
Следна Статија Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), конкретно нејзиниот т.н. антикорупциски тим, денеска објави нова „бомба“, односно изнесоа наоди за влез…

December 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи: Преговорите со Али Ахмети пропаднаа

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, соопшти дека преговорите со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не довеле до резултат. Тачи изјави…

August 17, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Ароганцијата на некои во ВРЕДИ е одвратна

„Ја прифатив својата одговорност и му честитав на победникот затоа што и во овие околности сакам да оставам зад себе…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?