Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?
ПОЛИТИКА

Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?

Објавено April 5, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Димитар Апасиев е целосно демаскиран. Таканаречениот левичар, Апасиев левичарско во себе го има само името на партијата која ја предводи, Левица. Ништо друго, ни политики, ниту почитување на закон, ни идеи, ниту пак идеали. Тој и луѓето околу него во Левица се грижат само за себе, гледаат колку што можат повеќе финансиски и имотно да се обезбедат себеси и партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се повеќе излегува на површина, а за тоа потврда е и последниот случај каде што Апасиев преку Левица, на сомнителен начин купил деловен објект во центарот на Скопје по далеку пониска цена од пазарната.

Станува збор за деловен простор со површина од 409 метри квадратни во строгиот центар на градот, веднаш зад седиштето на компанијата А1 кој го купил преку партијата на 26 ноември 2024.

Цената која што Апасиев ја платив за овој простор е 295.000 евра со ДДВ, што значи дека го купил по 721 евро за метар квадратен и тоа во време кога во централното подрачје на Скопје не може да се купи квадрат под две илјади евра.

Друго што вреди да се напомене е тоа што овој имот, Левица го купила преку извршител, кој по редот на нештата требал да обезбеди повеќе заинтересирани копци со цел да постигне конкуренција во наддавањето и со тоа да се дојде до повисока цена.

Дополнително спорно во сева ова е што доверител на имотот бил УНИ банка, која инаку има бугарски капитал, а во истиот период банките даваат кредити за купување на објекти по далеку повисока цена, а во Центар на Скопје не може да се најде под 2000 евра за м².

Логично се поставува прашањето, како банката дозволила и не анимирала свои клиенти за наддавањето, која е економската логика на банката тука?

Од сето ова се отворат дилемите, дали зад овој купопродажен дил се крие договор под маса помеѓу извршителот – Апасиев и доверителот? Дали зад ова купување се крие нешто повеќе и што е тоа?

И Артан Груби може да му позавиди на Апасиев, на ваквата разработена шема за купување на деловни простории во центарот на Скопје по багателна цена, чиј брат на улица Македонија купи деловни простории, исто така, по далеку пониска од пазарната.

Затоа ги повикуваме надлежните органи и институции да го истражат овој сомнителен купопродажен договор, додаваат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
Следна Статија Билетите за мечот меѓу Вардар и Црвена ѕвезда се пуштени во продажба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас

Како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на Македонија да ги испорача реформите, меѓутоа постои голем моментум во…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше…

June 24, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?