Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
МАКЕДОНИЈА

Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување

Објавено June 14, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот. Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој богат човек сака да остане вечно млад : Вбризгувал крв, има своја дневна рутина
Следна Статија Размена на ракети меѓу Израел и Иран: Експлозии одекнаа во Тел Авив, Ерусалим и Техеран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФOTO) Се огласи сестрата на Тоше, бела торта со ангелски крилја

Во чест на 44 - роденденот на својот трагично загинат брат, Тоше Проески денеска се огласи неговата сестра Дора Бела…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?