Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата
ПОЛИТИКА

Шукова: Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла, имам решение на проблемот со депонијата

Објавено September 11, 2025 12:49
Сподели
Сподели

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, вели кандидатката за градоначалничка на Скопје, од редовите на СДСМ, Каја Шукова.

„Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат пожари на депонијата. Таму не прават буквално ништо што подразбира соодветно третирање на отпадот. Што значи соодветен третман? Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.

Процесот продолжува со повторно покривање до запачеатување на отапдот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во близина на Дрсила има глина, која за жал не се користи.

Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата, односно не се применува соодветен третман за контрола на гасови и нивно конторлирано палење за да се елеминираат“.

Како што вели, гасењето со вода дополнително отвара уште еден пробелем загадување на Маркова Река, бидејќи се што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.

„Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее. Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла, сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат. Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба. Дождт нема да ни го реши проблемот на Дрисла, без употреба на соодветни техники за управување со отпад“, додава Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ништо не е случајно: Шест месеци пред атентатот, Кирк ги именуваше оние што имаат корист од војната во Украина
Следна Статија Од следната година дивоградбата во Хрватска носи затвор и е кривично дело

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски сака свое судство

На трибина во општина Гази Баба, претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?