Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш

Објавено September 27, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја донеле Данела Арсовска на власт, сега се извинуваат.

– Признаа и јавно дека погрешиле, па затоа бараат извинување. Но, штетата ја видовме сите, рече Шукова.

Скопје, додаде таа, не е експеримент, граѓаните не се тука за „некој да проба уште еднаш“.

Ова, меѓу другото, беше истакнато денеска во Музеј на Град Скопје, каде се одржа презентација на програмата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, како и на советничката листа за Град Скопје на СДСМ и Коалицијата.

Таа нагласи дека граѓаните денес со право велат, „Скопје никогаш не било вака запуштено“.

Шукова кажа дека нема да биде градоначалник на партијата, туку ќе биде градоначалник на граѓаните.

– Скопје не е само град – тоа е нашиот дом. Секое утро, сите го вдишуваме истиот воздух, чекориме по истите улици и сите сакаме исто – подобар живот за нас и за нашите деца. Но, денес, искрено да кажеме, нашиот град не изгледа така како што заслужуваме. Наместо чист воздух – имаме смог, наместо уредени маала – често гледаме депонии, наместо функционален јавен превоз – имаме хаос и гужви. Јас верувам дека Скопје може и мора да биде подобар град за живеење. Не ветувам чуда – туку чесна, посветена работа и власт што ќе биде блиску до вас, транспарентна и отчетна за секој потрошен денар, нагласи Шукова.

Таа рече дека кога СДСМ управуваше со градот и државата, имаше вистински резултати.

– Го обновивме возниот парк со еколошки автобуси, направивме над 40 километри велосипедски патеки, засадивме десетици илјади дрвја и создадовме нови паркови и зелени скверови, воведовме паметно осветлување со 10 илјади лед сијалици што заштеди 80 отсто од енергијата, реконструиравме училишта, поставивме прочистувачи на воздух во сите училници, наброја, меѓу другото, Шукова.

Нејзината визија, како што вели, е Скопје да стане модерен, зелен и европски град.

– Град што работи за сите граѓани. Скопје мора да има чист воздух и зелени површини. Насекаде треба да има дрво, зеленило, простор за одмор. Во оваа визија влегуваат 15 нови паркови, десет илјади нови дрвја и современо управување со отпадот. Планираме поинаков пристап, не само да се чисти отпадот – туку да се спречи да настане. Скопје мора да има модерен јавен превоз. Затоа планираме 100 нови еколошки автобуси и воведување БРТ системот. Брз автобуски транспорт, што ќе го олесни движењето низ градот без гужви и доцнења. Сообраќајот ќе се движи, нема да стои. Скопје мора да има чисти улици и комунален ред, подвлече Шукова.

Таа најави градот да добие нови тротоари и улици, не само во центарот, туку и во Ченто, Ѓорче, Сарај, Драчево…

– Скопје мора да биде економски силен град. Во срцето на градот, наш план е ГТЦ да го претвориме во технолошки парк простор за младите инженери, ИТ експерти и креативци, каде ќе работат, развиваат идеи и ќе креираат нови работни места, потенцираше Шукова.

Скопје, додаде, мора да биде град на младите и на семејствата. Во план е изградба на четири нови училишта во Ѓорче, Аеродром, Бутел и во Сарај и средно училиште во Аеродром.

Во Чаир, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Бутел и Центар, отворање младински центри каде младите ќе учат, ќе спортуваат, ќе волонтираат, ќе се дружат, но и во сите останати општини.

– Скопје да биде град на културата 2028, планираме нови фестивали, младински музички настани, меѓународен фестивал на уметноста, поддршка за уличната и алтернативната култура, додаде Шукова, меѓу другото.

Зборувајќи за нејзиниот тим, рече дека има културни работници и спортисти кои знаат дека градот не е само бетон, туку и дух, музика, спорт и гордост.

– Што е најважно, ова е тим на чесни луѓе, потенцираше Шукова.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред присутните ја опиша програмата на Шукова како одлучна, одржлива и целосно посветена на интересите на граѓаните.

– Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за градот. И таа не е сама. Со неа се исклучителни кандидати за Советот на Град Скопје – експерти, активисти и луѓе кои знаат, можат и умеат, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ истакна дека Шукова има јасна визија за Скопје и таа ќе ја спроведе.

– Каја, имаш тешка работа. Да беше доктор, ќе ти кажев, имаш работа да исправиш пациент кој е на респиратор. Се бориш со луѓе и противкандидати во споредба со кои мислам дека имаш и најмногу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да ја бараш довербата, дециден беше Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција го надградува ГП „Евзони“ за помалку гужви, но новиот ЕУ систем може да донесе проблеми
Следна Статија Мицкоски: Црвените линии на Филипче се контури на ново предавство во иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Лајм ТВ“ и весникот „Лајм“, изјави дека Албанците и Македонците…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Mу го прекинаа раатот во Дубаи: Заев се врати во Струмица да ја дозакопа СДСМ пред избори

Поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев на една недела пред изборите реши да го прекине престојот во Дубаи и да…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ветува дека во првите 100 дена од мандатот…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?