Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух
ЗДРАВЈЕ

Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух

Објавено September 28, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Децении изложеност на високи концентрации на аерозагадување го поткопуваат имунолошкиот систем на жителите, вели професор Драган Ѓорѓев за Радио Слободна Европа. Резултатот е стотици случаи на рак на бели дробови и други видови карциноми, бројки кои се двојно поголеми споредено со светскиот просек. Ѓоргев вели дека еколошките фактори доминираат во причините.

Професоре Ѓорѓев, деновиве граѓаните на Скопје се загрозени од загадување од пожари од отпад во Дрисла, Вардариште и последниот во Трубарево. Што му се случува на организмот кога вдишуваме тешки метали што беа измерени во воздухот по пожарот во Трубарево?

Па да, а не само тешки метали, тоа е една мешавина на честички, има и тешки метали, токсични гасови, а правата структура не можеме да ја знаеме, бидејќи точно не знаеме што се се одлага во тие депонии. Значи едно е да ги измериме, а за да го прецениме ризикот треба да знаеме и кој тип на отпад се одлага. Претпоставуваме дека комунален отпад, општо, отпад сигурно се одлага. Во тој отпад има пластика, пластиката исто дава токсични метали коишто можат да предизвикаат низа болести и некако пропратно на сите тие се тие тешки метали. Овие концентрации ако ги мерите промптно за 24 часа, јас не знам како се изразени, дали на 24 часа или на час – се повисоки концентрации, меѓутоа точно да го знаеме ризикот, потребно е континуираност на експозицијата. Колку тие луѓе биле изложени? Овие се неколку дена на изложеност, концентрациите се повисоки, меѓутоа за неколку дена на изложеност не може да очекуваме сега сериозни оштетувања на органите, покрај тоа зависи и од тешкиот метал кој тип на афинитет има. Оловото на пример има афинитет да влезе и да се позиционира во коските и долго време од коските да се ослободува, така да имаме можност за еден хроницитет. Арсенот исто така ако долго се експонирате, зависи повторно и од концентрациите, може да дојде до и до тумори, до канцер – во некои студии се регистрирани канцер на мочниот меур. Оловото и кадмиумот исто така се крвни отрови, значи ќе дојде до пореметување на крвниот систем, ќе дојде до пореметување на бубрезите и краен ефект при високи концентрации, тоа сега го гледавме за жал на случајот со топилницата во Велес, може да дојде до оштетување на мозокот. Значи таа е бариерата, односно патот кој го поминува оловото. Не е доволно само да се измери концентрацијата. Секако би требало да направиме биомониторинг, да видиме населението кое ниво на олово го има во крвта, што ќе покаже дали овие концентрации коишто се високи, дали се сега вдишувани само во овие неколку дена или луѓето континуирано во околината на депониите се изложени на тешки метали. Значи ризикот постои според таа концентрација, ама таа не е доволна да видиме кој тип на ризик и што би била прогнозата.

Имаше надминување на сите овие тешки метали што ги споменавте, меѓутоа колку е ова прецизно што го добивме како резултати со оглед дека во Трубарево гореше електронски отпад, батерии, акумулатори…?

Да, пак ќе кажам структурата на отпадот ќе ги одреди параметрите кои треба да се мерат. Јас не знам кои можности ги има лабораторијата. Кај нас проблем е што ние не ги мериме сите параметри во воздухот. Најчесто Скопје го мериме преку честички и одредени гасови, но структурата на честичките коишто ги има во зимската сезона, не ги мериме. Во таа структура исто така има олово, има и жива. Имаме концентрации на тешки метали. Според тоа, она сè што може како палета да бидат токсични материи во воздухот, сигурно лабораторијата не може да опфати.

Имајќи ги предвид пожарите сега и претходните зими со високо ниво на загадување во Скопје, колку е опасно да се помине една зима во главниот град?

Многу е опасно е опасно да се помине една зима во Скопје, затоа што Скопје е град којшто е е под силен притисок на аерозагадување повќе децении. При проценка на ризикот на едно население, еден од битните елементи, е должината на изложеноста. Значи периодот на којшто скопјани се изложени е со децении и имунолошкиот систем со децении е нападнат. Ние имаме одбранбени механизми, но тие не можат до бескрај да функционираат, дури и кај здрави луѓе, а во Скопје како и во секој друг град имаме и збор на ранливи групи, стари лица и деца коишто немаат никаков имунитет. Така што е многу сериозно и бројките коишто сме ги покажале како здравствени исходи, тоа и го покажуваат. Колку тоа им значи на оние што можат нешто да променат, тоа е друга приказна.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра
Следна Статија Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Доставени осум случаи до Интерната комисија, побаран надзор и од Лекарската комора

Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а…

September 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем – „Мој Термин“ и „Мое Здравје“ ќе добијат моќни надградби

Граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било, што е основа и обврска за поголемо дигитално учество во здравствениот…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и…

October 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во руралните подрачја недостасуваат 52 матични лекари

Фондот за здравствено осигурување информира дека во руралните подрачја недостасуваат 52 матични лекари. Во моментот од 96 планирани матични лекари…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?