Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија

Објавено August 10, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Во кампањата за локалните избори ќе нудам решенија за проблемите на граѓаните, кои се презаситени од црни кампањи, вели во интервју за МИА, Орце Ѓеорѓиевски, актуелен прв човек на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата. Ѓеорѓиевски е оптимист дека ќе победи на локалните избори во Скопје со двојна предност пред останатите кандидати во првиот круг од изборите, а повторува дека она што прво ќе го направи во градот е „генералка“, бидејќи граѓаните заслужуваат чист град.

-Политиката е натпревар на концепти и идеи во коишто сите ќе треба да ги понудиме најдобрите решенија за повеќедецениските проблеми на граѓаните. Јас не се занимавам со црни кампањи, ниту пак планирам такво нешто. Не знам што планираат во другите политички партии, но нели секој си одговара за своите постапки, вели Ѓеорѓиевски.

Кога станува збор за кампања, вели тој, ние треба да сме тие кои ќе го обединиме народот истовремено, но и од друга страна ќе понудиме и добар концепт за тоа како ќе ги решаваме реалните проблеми на граѓаните.

-На никој не му значи ако било кој од нас коментира за минатото, за сегашноста, или за што било поврзано со некој политичар. Секој од нашите граѓани сака да живее во поубаво, во посредено населено место, да биде безбедно неговото населено место. Мислам дека граѓаните, не само во Скопје, туку и во целата држава, се презаситени од негативни, од црни кампањи, од разно разни обвинувања, дел вистинити, дел невистинити. Она што недостасува кај нашиот народ е реализација на проекти, изјавува Ѓеорѓиевски.

Во интервјуто тој вели дека очекува победа во првиот круг од изборите со двојна предност, исто како што победил на претходните локални избори во Кисела Вода.

-Искрено, истото го очекувам и во градот Скопје земајќи во предвид дека јас, иако сум од политичката партија ВМРО ДПМНЕ и целиот свој живот го имам таму поминато, функционирам инклузивно и граѓански. Така ја правам и програмата, така функционирам со мојот тим, така функционирам четири години, а може да забележите дека и изминатиов период, луѓе од различни политички провиниенции се приклучуваат на мојот тим. Скопје е на сите скопјани, без разлика кој од која политичка партија доаѓаат, без разлика на вера, без разлика на нација. Скопје е на сите оние коишто го сакаат, рече Ѓеорѓиевски.

Верува дека и врз основа на резултите кои ги постигнал изминативе четири години во Кисела Вода, дека тоа го препознаат граѓаните и дека ќе има сериозна поддршка на ниво на град Скопје.

Ѓеорѓиевски најавува дека многу скоро ќе биде позната неговата изборна програма која ќе се базира на пет столба.

Локалните избори се закажани за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За една недела, два авиони на скопскиот аеродром удриле во јато птици
Следна Статија Потресно сведоштво на Ванковска: Добив инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Објавени 11 нови кандидати за градоначалници на СДСМ

Синоќа се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Досегашните потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за членови на ИК

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи Централен комитет (ЦК). Во овој мандат повеќе нема да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?