Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка
ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Објавено May 4, 2025 20:44
Сподели
Сподели

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за ТВ Алфа.

„Вие може да слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме домаќински со намален долг од 36 милиони евра во апсолутен износ или некој пред нас работел домаќински кога долгот го зголемил за 292 милиони евра за ист период, почеток на година, и минатата и оваа“, истакнува министерката за финансии.

Таа додава дека домаќинското работење, намалување на непродуктивните трошења и напорите за подигнување на економската активност резултирало со намалување на јавниот долг за 4,7 п.п. на нивото од 57,7% од БДП. При тоа, како што напомена, предизвиците од претходниот период биле големи, па морало да се консолидираат финансиите и внимателно да се трошат народните пари.

Повтори дека не отстапува од проекциите за економски раст од 3,7% годинава и покрај пониските очекувања на меѓународните финансиски институции и најави прекројување на државната каса во јули, пред да се распишат локалните избори.

„Ќе имаме една мини прераспределба јас би ја рекла или прераспределба како што ја кажуваат во инистерството за финансии во однос на овие проекти кои се пренаменети за општините. Ако се сеќавате во буџетот, ние ги предвидовме, меѓутоа беа ставени во Функции на држава“ од причина што не можевме однапред да знаеме кој ќе биде интересот на општините, дали ќе сакаат повеќе проекти кои се поврзани со Министерство за транспорт или со Министерство за земјоделство, култура, спорт и заради тоа ги ставивме таму. Сега веќе имаме отприлика слика точно каде колку треба да се пренасочат средства и затоа ќе имаме една мини прераспределба, би рекла, а она што значи ребаланс на буџетот ќе биде некаде во месец јули пред да ги распишеме изборите“, изјави Димитриеска Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна
Следна Статија Вработен во Управа за водење матични книги не доаѓал на работа, други двајца го прикривале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта…

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција

Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ

Милан Кораќ е именуван за нов извршен директор за воздухопловна техника во државната компанија М-НАВ АД Скопје, која управува со…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Љубчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис Муабети“ вели дека десет години бил трговец, но дека дејноста…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?