Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација
ХРОНИКА

Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Објавено April 23, 2025 19:29
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него. Тој најави дека пресудата ќе ја обжали на Апелација.

Тој вели дека очекувал ослободителна пресуда. Како што посочи, станува збор за политичка хајка.

-Осуден сум зошто сум ја направил оваа барака и онаа другата, каде што во проектот стои изградба на монтажно – демонтажна барака. Ова е направено од гипс картон, според сите правилници и стандарди се времени објекти на Министерството за транспорт и врски и за времен објект не може да се гони кривично, рече Јакимовски.

Тој додаде дека не станува збор за криминал или корупција, и напомена дека ова е управна постапка која може во која било фаза да се прекине.

Јакимовски напомена дека се вршеле притисоци врз неговото семјство и врз негови соработници за да се изнуди изјава против него.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, додека поранешен вработен во општината доби условна казна во траење од две години. Пресудата не е правосилна, а Јакимовски има право на жалба до Апелација. Тој уште на почетокот на судењата, кажа дека нема никаква вина.

Стевче Јакимовски, актуелен градоначалник на скопската Општина Карпош исто така минатата година се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино
Следна Статија Гаши се зачлени во библиотека

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж од Гана силувал жена во Македонија

На 26.10.2024 во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во изнајмена соба на подрачјето на Кисела Вода, П.А.(27)…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Раде Штекли објави најнова фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Пијан кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева

Во СВР Куманово во ноќеска во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Хорор во Крива Паланка: Со нож три пати прободел жена во врат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?