Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Објавено May 28, 2025 17:30
Сподели
Сподели

„Разбивањето на меѓународните криминални организации, особено оние што се занимаваат со трговија со дрога е еден од нашите највисоки приоритети. Оваа штетна појава го загрозува поредокот и нормалното функционирање на системот, анимира и генерира многу нелегални активности и во администрацијата и кај обичниот граѓанин, затоа мораме да дејствуваме решително“.

Ова, денес, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев во неговото обраќање по повод работилница што во охридскиот хотел Метропол во рамки на ИЦИТАП програмата на амбасадата на САД во РСМ денес и утре ќе се одржува со претставници на Министерството за внатрешни работи, и со обвинители и истражители од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) и Јавното обвинителство Скопје, со судии од Основниот кривичен суд Скопје, како и судии и обвинители од обвинителствата и судовите кои ги покриваат граничните премини и рутите на организиран крминал – Охрид, Струга, Ресен, Битола, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Делчево, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Куманово.

Говорејќи, во контекст на насловната тема на работилницата „Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи на трговија со дрога“, директорот Јанев потенцираше дека со заеднички напори, со заедничко работење како агенции за спроведување на законот, со нашите меѓународни партнери одлучно и ефикасно ќе можат да се надминат препреките поврзани со транснационалниот криминал и разбивањето на мрежите на ваков тип криминалци.

„Секој обезбеден доказ против овие криминални групи е производ на нашата макотрпна, чесна и посветена работа, потрошено многу време, многу човечки и финансиски ресурси, затоа потребата од нивно објективно валоризирање од сите чинители на системот е клучно во градењето на довербата и испорачување и осигурување на безбедноста на нашите граѓани и граѓаните на САД“, нагласи директорот Јанев особено апострофирајќи ја заедничка одговорност и обврска да се работи во откривање и спречување на националниот и транснационалниот криминал, бидејќи, како што рече, тоа пред се го заслужуваат нашите граѓани, даночните обврзници, за кои постоиме и работиме како институции.

Покрај ова директорот Јанев се осврна и на предизвиците и заканите во борбата против мрежите за трговија со наркотици, како и за американските најдобри практики коишто може да ни помогнат во нашата решителна борба за справување со овој вид на криминал. Притоа тој истакна дека еден од суштинските фактори секако претставува и имплементирањето на неопходните реформи, дигитализацијата, како и следните чекори што треба да се преземат за поуспешни резултати од овие активности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти
Следна Статија Помалку дипломирани студенти во 2024 година, повеќето од нив се жени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една

Покрај фалсификат лиценцата која членови на повеќе институции ја издале на кабарето Пулс во Кочани криминална група која сега ја…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски,денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?