Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети
МАКЕДОНИЈА

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Објавено May 7, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Стан од 344 квадратни метри на фирмата Би-холдинг, чиј сопственик е Хана Јахоска и со проценета вредност од околу милион евра е гаранцијата во недвижност која Апелација ја прифати и му го укина притворот на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ, објави Телма.

Јахоски е осомничен за перење пари во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и дополнително, во судот, депонирал уште 72 милиони денари односно околу 1,17 милиони евра во готовина преку фирмата Пуцко Петрол.

Станот на Партизанаска во Скопје е во сопственост на Би холдинг-, а оваа фирма на сопругата на Јахоски, преку адреса на Партизанска, до центарот Лептокарија, директно е поврзана со Куштрим Смајлај, зетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

КОД кој беше емитуван на Телма и доби награда за истражувачко новинарство на ЕУ, преклани откри дека фирмата КСА на зетот на Ахмети и Би Холдинг на Јахоски имаат иста адреса. Таа адреса многу личи и на адресата на станот даден за гаранција за да му се укине притворот на Јахоски во денешната анонимизирана одлука на скопската апелација.

При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција – соопшти Апелациониот суд Скопје.

На Јахоски му се определени мерки на претпазливост одземање на пасош и редовно јавување во суд во Скопје.

Јахоски е осомничен во рамки на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, во која се опфатени и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски (во бегство), додека во притвор се сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски и поранешниот менаџер за продажба во ЕСМ Адриан Муча- сите осомничени за набавките мазут вредни над 160 милиони евра.

Инаку покрај гаранцијата за излегување од притвор, во рамки на истражната постапка, по барање на обвинителството судот замрзнал и повеќе недвижности на Јахоски кои се во Скопје и во Пласница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов-Ќосето револтиран од ослободувањето на Јахоски: Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор, кога ќе прдне Тито
Следна Статија Највисоките судски инстанци во Црна Гора сместени над тони експлозиви и наркотици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава!

Крешник Бектеши за тоа кој ја поттикнал наставничката да ја организира приредбата во училиштето во село Челопек, одговори дека со…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?