Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јајца ќе има, смируваат надлежните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јајца ќе има, смируваат надлежните
ЕКОНОМИЈА

Јајца ќе има, смируваат надлежните

Објавено March 15, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и засега нема потреба од грижа за недостиг. Доколку се укаже потреба, во краен случај, може да се забрани извоз на јајца, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, одговарајќи на прашањето дали има реална загриженост од недостиг од јајца како што е во повеќето земји, токму пред Велигденските празници.

Во постојана корелација сме со министерството за земјоделство. Во одлуката што ја донесе Владата за ограничување на маржите е напоменато дека мора 70 проценти од количествата конзумни јајца да бидат на сите пунктови во трговијата на мало и на големо, од целото количество од јануари, што значи дека засега нема потреба од одредена грижа дали ќе има или нема да има јајца. Доколку понатаму има потреба, во корелација со министерството за земјоделство, може и да воведиме некоја мерка. Меѓутоа, сега-засега, податоците што ги имаме на терен укажуваат дека нема потреба од такви мерки. Една од мерките која може да се спроведе е забраната на извоз на јајца доколку има потреба, во краен случај – изјави Ристески.

Дел од поголемите производители од живинарските фарми не сакаат да го предвидуваат пазарот на јајца во наредниот период, но велат дека сега нема никаков проблем и ситуацијата е стабилна.

Пеце Петрески, мал производител и одгледувач на живина категорички смета дека нема да се појави недостиг од јајца, а споменува дека потрошувачката е намалена пред Велигден во споредба со другите години и поради иселувањето од земјава.

-Јајца има доволно за на пазарот и нема никаков страв дека ќе се појави недостиг. Тоа се прави фама. Дури осетно е намалена побарувачката во споредба со другите години поради иселувањето. Не се купува толку многу за празниците како порано. Потрошувачката е намалена дури и до 50 проценти.

Трајан Цекоски кој продава конзумни јајца на прилепскиот пазар од една од најголемите живинарски фарми во земјава, го дели мислењето дека кај нас нема да се појави недостиг.

Има доволно јајца, без разлика колкава е побарувачката. А тоа е што загрижува – намалената побарувачка во споредба со другите години пред празниците. Јајца за Велигден ќе има доволно за сите потреби, вели трговецот Цекоски.

Во светот се појави голем недостиг од конзумни јајца поради птичјиот грип, а драстично се зголеми и цената на јајцето на пазарите. Според податоците во земјава дневно се произведуваат околу 800 000 конзумни јајца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Жена пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје
Следна Статија СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да го продолжат растот додека американските акции паѓаат

Азиските акции достигнаа рекордно ниво, а доларот опадна пред извештајот за работни места во САД, по слабата малопродажба која ја…

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека на владина седница поминаа…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?