Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
ХРОНИКА

Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор

Објавено March 18, 2026 20:00
Сподели
Сподели

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и противправно ја држел затворена во соба со часови.

Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом, кога обвинетиот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја заклучил во просторија каде што ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди.

Во еден момент, кога жената се онесвестила, напаѓачот ја разбудил со студена вода, по што продолжил со физичкото малтретирање.

Судот го прогласил обвинетиот за виновен за кривичните дела телесна повреда и противправно лишување од слобода и му изрекол единствена казна затвор во траење од една година.

Од Основен суд Свети Николе информираат дека пресудата сѐ уште не е правосилна, а обвинетиот останува во притвор до нејзиното конечнo потврдување, но не подолго од 60 дена.

Во меѓувреме, Основно јавно обвинителство Свети Николе соопшти дека поднело жалба на висината на изречената казна, оценувајќи дека санкцијата не соодветствува на тежината на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини
Следна Статија 19 март е пресвртница за 3 хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Претседателката на Антикорупциска осомничена во случајот „Адитив“: Мерки за претпазливост за Димитровска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд. Од…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва…

March 22, 2025
ХРОНИКА

Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје,…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Oдбраната на обвинетите бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче или предметот да се врати во фаза на истрага

Бранителите на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сметаат дека е непходно реконтрукција на двете убиства или…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?