Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор
ХРОНИКА

Ја будел со вода за да продолжи да ја тепа бремената партнерка- Насилник од Свети Николе доби една година затвор

Објавено March 18, 2026 20:00
Сподели
Сподели

Основниот суд во Свети Николе изрече едногодишна затворска казна за 21-годишен маж од селото Сарамзалино, кој брутално ја претепал својата бремена партнерка и противправно ја држел затворена во соба со часови.

Според судската пресуда, насилството се случило во семејниот дом, кога обвинетиот ѝ го одзел телефонот и клучевите од автомобилот и ја заклучил во просторија каде што ја држел околу 15 часа. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди.

Во еден момент, кога жената се онесвестила, напаѓачот ја разбудил со студена вода, по што продолжил со физичкото малтретирање.

Судот го прогласил обвинетиот за виновен за кривичните дела телесна повреда и противправно лишување од слобода и му изрекол единствена казна затвор во траење од една година.

Од Основен суд Свети Николе информираат дека пресудата сѐ уште не е правосилна, а обвинетиот останува во притвор до нејзиното конечнo потврдување, но не подолго од 60 дена.

Во меѓувреме, Основно јавно обвинителство Свети Николе соопшти дека поднело жалба на висината на изречената казна, оценувајќи дека санкцијата не соодветствува на тежината на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини
Следна Статија 19 март е пресвртница за 3 хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување, на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше познат по својата посветеност на новинарството, особено во…

January 31, 2025
ХРОНИКА

МВР: Пронајден е човечки леш во фаза на распаѓање во Зрновци

Труп на жена во фаза на распаѓање е пронајдено во с.Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Барале и примиле поткуп од 20.000 евра – уапсени директор на здравствена установа и негов посредник

Директор на здравствената установа е уапсен пораади сомнение дека примил поткуп. ТВ21 дознава дека станува збор за директорот на специјализирана…

April 8, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за „Тритерол Петрол“ и управителите поради фалсификување и злоупотреба при јавни набавки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?