Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
МАКЕДОНИЈА

Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

Објавено February 24, 2026 21:54
Сподели
Сподели

Сузана Јошевска-Анастасовска, членка на Судскиот совет, на социјалните мрежи одговори на министерот за правда Игор Филков, кој побара одговорност за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

„Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска-Анастасовска.

Претходно Филков повика на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај.

„Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме.

Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Институционалната контрола мора да функционира.

Ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување.

Јавниот обвинител Даниел Коцев – да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот.

 

Раководителот на обвинителството, Анел Фидоски – дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?

Како министер за правда, дополнително ќе побарам да се изврши вонреден надзор во „Затвор Скопје“, како и во останатите затвори низ Македонија, во однос на безбедносната состојба“, напиша Филков

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Големо свлечиште во Албанија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан
Следна Статија Планирале да го претепаат моето дете“ Вучиќ: Имаме снимки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паричката во домот на семејството Мицкоски се падна кај синот Антониј

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека паричката за овој Бадник се паднала кај синот Антониј. Со искрена…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?