Изградбата на автопатот Кичево–Охрид, дел од Коридорот 8, која со години беше во застој, сега се одвива со забрзано темпо, но проектот ќе бара зголемување на буџетската рамка поради непредвидени трошоци. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека за стабилизација на бројни свлечишта и завршување на клучни делници ќе биде потребно дополнително финансирање.
„За сето ова за што зборувам, ќе треба да се зголеми рамката на кредитот, бидејќи за жал, тоа не било предвидено во минатото“, изјави премиерот.