Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

Објавено November 21, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата до законодавниот дом за нов челник на Државната комисија за спречување корупција.

Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциската комисија му додели највисоки оценки на Чучуљ, со што тој освои 96,5 бодови.

Чучуљ моментално ја врши функцијата генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција, каде што работи веќе 19 години.

Комисијата за прашања и избори и именување едногласно ја усвои одлуката до Собранието да му се препорача на Чучуљ да биде претседател на Антикорупциската комисија.

Според информации од Собранието, пленарната седница на која треба да се гласа за оваа предлог-одлука ќе се одржи на почетокот на декември.

Според Комисијата за селекција на кандидатите, Чучуљ покажал „значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК“.

Конкурсот за аплицирање на кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летото, но процесот беше привремено сопрен заради локалните избори.

Од 13 кандидати кои аплицираа на конкурсот на Собранието за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив започнаа во вторникот.

Антикорупциската комисија ќе добие нов претседател на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Според обвинението, таа на лице обвинето во случајот „Адитив“ му пренесувала информации од предмет кој за него се водел во Антикорупциската комисија.

Дополнително, таа одговара и за фалсификување на сертификат за државна тајна, бидејќи во нејзино име, друг го полагал електронскиот испит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реакции во светот на универзитетската кошарка по победата на Arizona над UConn
Следна Статија Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче со порака од Кочани: Сочувство до семејствата на загинатите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Кочани оддаде почит кон прерано згаснатите млади животи, изразувајќи сочувство до нивните семејства.…

March 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март

Откако во петокот пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?