Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба
МАКЕДОНИЈА

Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба

Објавено August 7, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Министерството за култура ќе го доврши споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на Плоштадот Македонија во најстрогиот центар на Скопје. Министерот за култура Зоран Љутков вели дека како и останатите незавршени објекти и овој споменик ќе се доврши, но не даде детали кога ќе се почне со градежни работи.

„Има еден куп проекти кои што се застанати и наша тенденцијата е сите да се завршат. Рушење од практични причини не е добро, затоа што ќе чини дупло повеќе тоа што до сега е изградено да се сруши отколку да се доизгради“, рече Љутков одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Споменикот на Мајка Тереза е меѓу објектите од озлогласениот проект „Скопје 2014“ за кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски потроши околу 700 милиони евра. За објектите од „Скопје 2014“ Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 формираше работна група, која во извештајот кажа дека бетонската дивоградба споменик на Мајка Тереза треба веднаш да се урне затоа што освен што прекршува низа закони, ја загрозува и безбедноста на централниот плоштад во земјава.

Владата на СДСМ, која жестоко го критикуваше проектот „Скопје 2014“, додека беше на власт осум години не го чепна овој објект. Споменикот кој почна да се гради во времето на експремиерот Никола Груевски прекршува низа закони, но и покрај тоа не се најде желба и волја кај власта на СДСМ да го отстрани и да го ослободи овој јавен простор, кој и така е затрупан со споменици и градби.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен-плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде в затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топ 5 најголеми добитници на тендери на општина Гази Баба во 2025 година
Следна Статија Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советот на Европа нотира дека во Бугарија постои значителен недостаток на свест за малцинските права – „Македонците обесхрабрени во нивната самоидентификација“

Советодавниот комитет на Советот на Европа во своето најново мислење констатира дека Бугарија не постигнала значителен напредок во осигурувањето на правата на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Декември со високи температури и густа магла во котлините

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Раритетен археолошки наод – Ѕидана гробница од крајот на вториот век

Aрхеолозите на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира од крајот…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Се очекуваат обилни врнежи

Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?