Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
МАКЕДОНИЈА

29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Објавено October 3, 2024 13:08
Сподели
Сподели

Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола
Следна Статија Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Страшно невреме во Скопје: Хаос на улиците, паднати кровови, скршени дрвја

- Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители

Башким Бесими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот.  Бесими досега ја извршуваше функцијата…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам си ги поправал оценките

Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?