Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивно мислење на граѓаните за справувањето на надлежните институции со трагедијата во Кочани

Објавено April 27, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Ефикасно беше справувањето на надлежните институции во справувањето со последиците од трагедијата во Кочани. Особено е висок процентот на граѓани кои сметаат дека здравствените власти успешно реагирале на големиот број повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење во Македонија на МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани. 35,3 отсто од испитаниците велат дека одговорот на надлежните институции на оваа трагедија бил неефикасен.

fg

Повеќе од 70 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти ефикасно се справија со големиот број на повредени во пожарот во Кочани. Процентот на незадоволните граѓани од здравствените власти е 21,8%

fb

И во однос на истрагата, работата на МВР и на обвинителството за утврдување на одговорноста за трагедијата во Кочани, висок е процентот на граѓаните (53,1%) кои велат дека надлежните брзо и ефикасно се справуваат. Негативен одговор на ова прашање дале 32,8 отсто од испитаниците.

fb

Најголем дел од испитаниците изјавиле дека забележуваат активности во борбата против организираниот криминал. Во градацијата на одговорите на прашањето за оценката за борбата против организираниот криминал, повеќе од 60 отсто од испитаниците сметаат дека борбата е интензивна и континуирана, дека има активности, ама треба повеќе и дека забележливи се активностите ама не се доволни. Негативен одговор на ова прашање дале 23,2 отсто од испитаниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ го нагости Трамп Јуниор со прасе: Глупаво е да му нудиме шкампи
Следна Статија Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

По повод верскиот празник Богојавление-Водици денеска ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влатко Грозданов нов градоначалник на Кочани

Општина Кочани го доби својот нов градоначалник по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025. Според конечните резултати објавени…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?