Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено April 8, 2026 18:02
Сподели
Сподели

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

– Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комората на овластените архитекти и овластените инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија – наведе Комисијата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката за именување на Ристов, што ја усвои на 17 минатиот месец.

Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле партиски кадар за претседател на РКЕ, а од власта посочија дека Ристов ги исполнува условите и оти со своето искуство, знаење и авторитет заслужува да биде на позицијата.

Амар Мециновиќ од Левицата оцени дека Ристов не може да биде независен во раководењето на РКЕ затоа што, како што посочи, е близок соработник на премиерот.

Тој најави дека ќе го оспори назначувањето на Ристов со формална претставка до Европската енергетска заедница затоа што „ги нарушува критериумите на ЕЕЗ и не е независен, туку директно политички кадар на ВМРО-ДПМНЕ“.

Митко Трајчулевски од СДСМ, пак, посочи дека Ристов е поранешен градоначалник и оти доаѓа од бизнис-секторот како сопственик на мали хидроцентрали, од што се откажува пред да конкурира за позицијата во РКЕ. – Освен формално правни работи, треба да имаме и етика и морал, зад него секогаш ќе стои сенката на поврзаност со бизнис-интереси. Назначувањето ќе отвори сериозни дилеми и загриженост и кај нашите меѓународни партнери и кај ЕЕЗ – рече Трајчулевски.

Во реплика Бојан Стојановски од ВМРО-ДПНЕ повика да се зборува со факти и оти ставовите на СДСМ не се во насока на тоа дали кандидатот е квалитетен или не. Истакна дека претседателот на РКЕ се бира исклучиво според Законот за енергетика и оти Ристов ги исполнува сите можни услови што се наведени во законот.

– Ристов и тоа како заслужува да биде претседател на РКЕ, има три децении искуство, има знаење, докажан е во работењето и има општествен авторитет. Предлагаме лица кои се квалитетни и со соодветно образование и ги исполнуваат условите од законот – рече Стојановски.

Поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?
Следна Статија Уапсени 11 лица по пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Филипче предлага намалување на ДДВ на храната, решение кое претходно четири пати го одбиваа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност,…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималец од 500 евра

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?