Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 70% од докторите се соочиле со насилство на работното место
ЗДРАВЈЕ

70% од докторите се соочиле со насилство на работното место

Објавено March 12, 2026 18:18
Сподели
Сподели

Лекарската комора на РСМ, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија” што го нагризува здравството и општеството.

Претседателот на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку социјалните мрежи, не страда само поединецот, туку целиот систем и пациентите кои чекаат помош.

„ Ние докторите не сме ваши непријатели, напротив, докторот е тој кој се бори за вашиот живот, во различни услови. Насилството и агресијата не се решенија за системските недостатоци “, изјави проф. д-р Гривчева Старделова.

Податоците се разочарувачки и покажуваат дека над 70% од докторите во земјата се соочиле со насилство на работното место, додека анкетите на Комората откриваат дека дури 78% од докторите биле изложени на некаков вид насилство, од кои 80% на вербално и 6,8% на физичко насилство. И покрај измените на Кривичниот закон во 2023 година со кои нападот врз медицинско лице се третира како напад врз службено лице, очекуваните резултати изостануваат бидејќи речиси 70% од нападите воопшто не се пријавуваат поради сложените процедури или перцепцијата на докторите дека тоа е дел од нивната работа. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, по Законот за здравствена заштита, измината година се поднесени две кривични пријави за кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност” за кои се пријавени тројца сторители. Едно дело се случило во Скопје, за кое се пријавени двајца сторители и едно дело во Штип.

Проф. д-р Карди Хаџихамза, член на Извршниот одбор на Комората, како психијатар предупредува на сериозноста на последиците по докторите од нападите.

„Последиците од насилството врз докторите се сериозни и вклучуваат психолошки стрес, анксиозност и прегорување, што многумина ги принудува да размислуваат за напуштање на професијата или заминување во странство, што дополнително го слабее здравствениот систем. За спречување на овие појави, неопходно е здравствените установи да воведат подобри безбедносни мерки – како обезбедување и видеонадзор, но и да се работи на подобрување на комуникацијата помеѓу докторите и пациентите и на едукација на пациентите”, истакна проф. д-р Хаџихамза.

Лекарската комора инсистира на брза институционална разрешница на секој инцидент и стопирање на дигиталниот линч врз лекарите, истовремено апелирајќи за подобрување на условите за работа преку зголемување на персоналот и подобра организација.

„Хуманоста е двонасочна улица и затоа е потребна почит и нулта толеранција за насилство од страна на сите чинители – институциите, медиумите и граѓаните – со цел да се изгради безбедна средина во која лекарите ќе можат достоинствено да ја вршат својата професија. Комората ги повикува сите доктори задолжително да ги пријавуваат инцидентите во полиција и во Комората, бидејќи само со соодветни санкции ќе се престане да се испраќа порака дека насилството е прифатлива форма за изразување незадоволство”, истакнува проф. д-р Гривчева Старделова.

Подобрите безбедносни мерки треба да опфатат поголемо присуство на обезбедување, системи за видеонадзор и јасни протоколи за реагирање во случај на агресија. Исто така, треба да се работи на подобрување на комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Кога пациентите се добро информирани за својата состојба и за процесот на лекување, нивото на недоверба и фрустрација се намалува. Во едукацијата на докторите треба да се посвети повеќе внимание на развој на комуникациски вештини. Исто така, се потребни и едукативни јавни кампањи за пациентите кои ќе ја подигнат свесноста за потребата од почит кон здравствените работници и ќе придонесат за создавање на култура на меѓусебна почит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Таа ноќ во Кочани изгоре и еден неповратен дел од нашата душа
Следна Статија Во „Пулс“ имало само два противпожарни апарати и еден хидрант, ама празен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Јадете ги овие три намирници и ќе ослабете до почетокот на летото

Доколку сакате да ослабете до летото, сега е вистинското време да започнете со здрави промени во вашата исхрана. Според нутриционистите,…

May 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме…

September 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра по неправилно исплатени плати

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска изјави дека тројца доктори кои примиле повисоки плати вратиле вкупно 25…

April 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?