Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“
СПОРТ

„Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“

Објавено November 25, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Реал Флорентино Перез одржа говор на Ггенералното собрание на клубот. Тој уште еднаш го најави почетокот на Суперлигата и зборуваше за густиот распоред, а се осврна и на Златната топка, наградата за најдобар светски фудбалер, која годинава му припадна на играчот на Манчестер сити, Родри.

Да потсетиме, многумина очекуваа дека лауреат ќе биде крилниот напаѓач на Реал Винисиус Жуниор. Кога во Мадрид дознаа дека тоа нема да се случи, го бојкотираа доделувањето на наградата во Париз.

„Да не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него. Покрај сето тоа, тие земји не му дадоа ниту еден глас“, рече Перез, а пренесува „АС“, нагласувајќи дека претседателот Реал во тој момент се насмеал. „Ниту еден глас! Барем финското жири потоа си поднесе оставка. Го ценам тоа“, додаде Перез.

Шпанецот Родри ја освои Златната топка пред тројца играчи на Реал Мадрид: Винисиус, Џуд Белингем и Дани Карвахал.

Мора да ги прашате организаторите кои се критериумите, но јасно е дека тие можат да прават што сакаат. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Лекип“ (кои ја доделуваат Златната топка, оп. а.) дали има смисла да бидеме партнери со УЕФА. Гласањето за Златната топка треба да биде независно и треба да гласаат познати луѓе. “рече Перез и дополни.

„Родриго ја има нашата почит, тој ја заслужи Златната топка. Ама не оваа, мораше да ја добие играч на Реал, без разлика какви критериуми се применуваа. Винисиус требаше да ја добие, но можеше да оди и кај Карвахал. Тешко е да се објасни. Има изненадувања, како изјавата на УЕФА. Тие рекоа дека не влијаеле на гласачкиот систем.

„По ѓаволите, го сменија системот на гласање (од пет играчи на десет) и бројот на бодови (од шест на 15). Изненадувачки е што, бидејќи фудбалот е глобален, новинарите од земји со голема популација како Индија не гласаат, додека други со помалку од милион жители гласаат“, продолжи Перез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците за прв пат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Следна Статија Овие витамини и минерали се важни за поддршка и зајакнување на имунитетот во зима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Милевски повика 27 фудбалери за дуелите со Белгија и Казахстан

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на играчи повикани за претстојните квалификациски натпревари за Светското…

May 28, 2025
СПОРТ

Познати стартните 11 на Македонија за вечерашниот дуел со Казахстан

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги одреди стартните 11 за вечерашниот дуел со Казахстан во Скопје. На вечерашниот…

October 13, 2025
СПОРТ

Гол-шоу на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“…

August 16, 2025
СПОРТ

Познат фудбалер е уапсен поради шверц на кокаин- пред 4 години беше шампион на Италија

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е уапсен денеска во Брисел во врска со истрагата за увоз на кокаин од Јужна…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?