Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Целта е да се трансформираме во дигитално општество
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Целта е да се трансформираме во дигитално општество
МАКЕДОНИЈА

Митева: Целта е да се трансформираме во дигитално општество

Објавено November 26, 2024 19:30
Сподели
Сподели

Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го трансформираме македонското општество во дигитално општество.

Ако се спореди вкупниот проектен буџет на Министерството за информациски и комуникациски проекти тогаш со оние од минатото може да се заклучи дека истиот е поголем за 200% – односно од 154 милиони денари во 2023 година, 182 во 2024 година, на 365 милиони денари во 2025 година.

Во делот на поединечните проекти за 2025 година е предвидено изградба на – Современ примарен податочен центар (ДАТА ЦЕНТАР) во Скопје што претставува капитална инвестиција која се најавува со години. Во овој момент сите државни системи физички се во своите надлежни институции, голем дел од нив во несоодветни услови кои предизвикуваат пократок век на траење на опремата, неажурирани софтверски верзии и со голем степен на ризик од сајбер напади. Проектот предвидува изградба на примарен податочен владин центар, каде сите органи на државната управа ќе ја колоцираат својата опрема. Со ова државата од една страна ќе оствари значителни заштеди за колокациски услуги. Тоа значи вклучување на ладење, безбедносни системи, противпожарни системи, надзор и одржување на просториите, а од друга страна ќе овозможи забрзана дигитална трансформација. Ова е повеќегодишен проект, но во почетокот на 2025 година планирана е изработка на физибилити студија која ќе ги дефинира техничките стандарди за изградба на центарот, локацијата и начинот на обезбедување на одржливост.

Очекувана вкупна сума на проектот е до 40 милиони евра, а за следната година со буџетот се обезбедени 2 милиони евра за физибилити студија и почеток на изградбата.

Понатаму, обезбедени се 40 милиони денари во буџетот и преку останати проектни фондови ќе работиме на дигитализација на најупотребуваните јавни услуги од граѓаните и компаниите. Тоа ќе го оствариме по специјално утврдена методологија за дигитализација на јавните услуги. Електронското испраќање на барањата за сите достапни јавни услуги до институциите и електронско добивање на потребните документи, преку компјутер или паметен телефон. Институциите ќе имаат можност да користат свои идентификациски алатки за потпишување на овие потребни документи. Во прво време се дигитализира добивањето на државјанство од Министерството за внатрешни работи, услугите на Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот. Тоа значи дека ќе обезбедиме повеќе од 200 нови услуги на порталот Uslugi.gov.mk, што ќе ја дуплира бројката на достапни услуги.

Исто така, почитувани, преку проектот во вредност од 60 милиони денари ќе работиме на систем преку кој ќе се обезбеди поврзување на институциите со споделување на документи. Во овој  момент само 22 институции користат заеднички систем за електронско работење, а преку овој проект ќе го зголемиме бројот на институции за најмалку 10. Ќе се зголеми и бројот на документи кои ќе се изработуваат и потпишуваат целосно дигитално, без користење на хартија и истите ќе можат да се споделуваат и зачувуваат во дигитален формат.

Дигиталната трансформација значи посилна поврзаност и подобра иднина за сите нас, затоа за само неколку месеци по преземањето на власта предвидовме нови 80 електронски услуги, зголемена поврзаност на институциите и фокус на сајбер безбедноста. Преку овие проекти и вложувањето во дигитализацијата ја осигуруваме нашата позиција во дигиталниот свет“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ѕирнете во руските нуклеарни скривници
Следна Статија (ВИДЕО)Уапсен директорот на ЈСП во Нови Сад, продавал кокаин со „Балканскиот картел“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист

Кога ја презедов институцијата, ја почнавме легализацијата на државниот имот, а денес имаме имотен лист за вилите на претседателот и…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

Православната црква и верниците на, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија,…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна дводневната обука на кандидатите за пожарникари

Започна дводневната обука на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информираше директорот…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема гужва на граничните премини Богородица и Блаце

Утрово граѓаните ја напуштаат земјава за продолжениот викенд. Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?