Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавено November 27, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација. Конференцијата е посветена на темата „Идна генерација на управување и иновации во јавната администрација“.

Јавна администрација што нема да биде само сервис за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори. Зборуваме за една важна тема, што со годините многу малку била предмет на студиозна анализа, ниту пак на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките што треба да се преземат за поголем квалитет на услугите, но и иновациите како важен предизвик на тој план – рече Мицкоски.

Истакна дека ова е тема којашто не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, туку и го обликува лицето на државата.

Во изминатиот период, сите сме сведоци на предизвиците со кои се соочува администрацијата. Бавни процеси, недостаток на дигитализација, понекогаш и недоволна транспарентност. Но и партизацијата која е отворен проблем, исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Овие проблеми не можеме да ги игнорираме – тие се реални и за нив треба да се најдат решенија – нагласи премиерот.

Притоа се осврна и на целите и на важноста на реформите. Зборувајќи за дигитализација на услугите, рече дека ќе се обезбеди што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, со еден клик за да се намали времето за чекање и зголеми задоволството на корисниците.

Мицкоски говореше и за ефикасноста и професионалноста, како и за транспарентноста и отчетноста, намалувањето на бирократијата, вреднувањето на трудот како поставени цели.

Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста. Ќе ги зајакнеме механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните средства. Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи. Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност – подвлече премиерот.

Реформите, како што посочи, не се само за подобрување на услугите, туку и за враќање на довербата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах
Следна Статија Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?