Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не е во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не е во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
БАЛКАН

Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не е во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција

Објавено December 1, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, говорејќи за односите со Северна Македонија и уште еднаш ја повтори позицијата дека очекува јасен став од државниот и политичкиот врв дека го почитува Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека на Балканот, „за жал, сè уште постојат сили кои сметаат дека ќе имаат политичка корист ако ги разбудат старите духови на балканскиот национализам“, додавајќи дека ова „во голема мера се случи со актуелната Влада на Северна Македонија, и во предизборниот период, но до одреден степен и по изборите“.

Ги повтори позициите за Договорот од Преспа што ги имаше пред Нова демократија да дојде на власт и уште еднаш посочи дека „името на државата е Северна Македонија, тоа не се оспорува, без разлика дали се претставува во странство или името се користи за внатрешна употреба“.

– Северна Македонија не може да избега од ова предвидување. Гледам во последните два месеци дека Владата до одреден степен го сфати тоа. Она што го очекувам, не само јас, бидејќи прашањето не е билатерално, се однесува и на Европа, до одреден степен се однесува и на НАТО, е многу јасна изјава на државниот и политичкиот врв дека почитувањето на Договорот од Преспа е целосно и дека името на земјата е Северна Македонија, без разлика дали го користат вон земјата или во внатрешноста на земјата. Верувам дека се движиме во вистинската насока, рече Мицотакис.

На прашањето на новинарот дали треба Грција „поинтензивно да ги информира сојузниците за ставот на Северна Македонија“, Мицотакис кусо одговори дека веќе го сториле тоа.

Интервјуто за телевизијата „Антена“ беше од Солун по повод отворањето на метрото, а Мицотакис говореше за сите теми поврзани како со надворешната, така и со внатрешната политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Микаела Шифрин тешко се повреди на велеслаломот во Килингтон (ВИДЕО)
Следна Статија Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Генералот што ја бранеше Србија од НАТО бомбардирањето се врати дома

Генералот Небојша Павковиќ вчера пристигна во Белград по 20 години поминати во Хаг. Тој беше ослободен од затвор пред да…

September 29, 2025
БАЛКАН

Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка

Вишиот суд во Заечар, го потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство поднесено против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството…

February 18, 2025
БАЛКАН

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик, лидерот на Република Српска

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за апсење на лидерот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на…

March 12, 2025
БАЛКАН

Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож – едно лице е уапсено

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска е повредена со нож на собир на студенти и…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?