Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
БАЛКАН

Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија

Објавено December 1, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста во врска со инцидентот во Зубин Поток и актуелната ситуација на Косово изјави дека вчера се случил обид за голем хибриден напад врз Србија, во кој се обвинети Белград и Србија дека стојат зад експлозијата кај Зубина Поток, иако Белград и Србија немаат никаква врска со тие настани, јави дописникот на МИА од Белград.

-Како сериозна држава не се занимававме со обвинувањата, нема да кажам дека нападот е директно нарачан од Курти, истрагата ќе покаже, имаме одредени сомнежи.

Мислиме дека имаме одредени информации и кој би можел да биде извршителот, истакна српскиот претседател.

Како што рече, надлежните институции во Белград ќе продолжат да работат на истрагата, а дотогаш нема да ја информираат јавноста за напредокот на истрагата.

Вучиќ рече и дека властите во Белград, во согласност со Бриселскиот договор, се подготвени за соработка не само со ЕУЛЕКС и КФОР, туку и со Приштина.

Претседателот на Србија наведе дека Белград немал интерес да предизвика било каква штета на каналот Ибар-Лепенец, и дека доволна била само административна одлука за да се пренасочи течението на реката Ибар со што би се оневозможило водоснабдување на езерото Газивода.

Една од причините за експлозијата, според Вучиќ, е запирањето на европскиот пат на Србија бидејќи во среда ќе се донесе одлука за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори.

Причината, според Вучиќ, е поврзана и со тоа што на 12 декември се заклучуваат листите за изборите што ќе се одржат во февруари на Косово и Српската листа да се обвини за тероризам и со тоа да бидат дисквалификувани од изборната трка, со цел да се отвори простор за српските партии кои се под контрола на Приштина.

Четвртата причина, според Вучиќ, е поврзана со „личен изборен инженеринг“, бидејќи Курти секогаш кога ќе му падне рејтингот посегнува по обвинувања против Белград.

-Ги поканив американските партнери да ги проверат сателитските снимки. Ние во Белград водиме истрага и собравме информации за некои лица и прашувавме каде биле.

Наш најголем интерес е да ја дознаеме вистината. Длабоко жалам за соопштенеито на Борел, изјави Вучиќ и порача дека Србија е подготвена да им помогне на Приштина, ЕУЛЕКС и КФОР во истрагата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, тоа е една од стратешките цели на оваа Влада
Следна Статија Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително

По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на…

February 6, 2025
БАЛКАН

Гардијан: Бугарската полиција го „блокираше спасувањето“ на тројца мигранти кои премрзнаа до смрт

Бугарските власти се обвинети дека ги игнорирале повиците за итна помош и спречиле спасување на тројца египетски тинејџери кои подоцна…

January 27, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Грција: Црвен чад го покри небото

Еден маж загина, а десетици домови се поплавени во бурата што вчера ја погоди Грција. Грчките власти го пронајдоа телото…

April 2, 2026
БАЛКАН

„Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини,…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?