Донев: На Дамева не ѝ беше местото таму

- Advertisement -

Проблемот кај нас е што оние реформи што ги предложи ЕУ за судскиот совет, сето тоа бара промена на Уставот. Ние не можеме да отвриме прашањето на промена на уставот. Се’ што ќе земеме од ЕУ ние го уништуваме, почнуваме на наш начин да размислуваме да го прилагодуваме на нашите секојдневни потреби, изјави аналитичарот и поранешен амбасадор Јован Донев во Само Вистина.

„Ако треба да го бутнеме внукот или снаата, или некого, ние така ќе го направиме. На Дамева не и беше местото таму, нејзиниот избор во судскиот совет ги девалвираше судиите. Таа е стручен соработник, како можеше да се најде таму? Се што ќе направиме кај нас го правиме ако можеме до ниво на кич, тоа е нашиот најголем. Како ќе извршите притисок? Ако навистина тоа го помислила оваа влада тоа е нејзина штета, ако барем за една година дена немаме 3-4% раст на рејтингот на судиите, на чија штета е тоа? Тие луѓе не функционираат“ рече Јован Донев во Само Вистина.

Сподели ја оваа статија