Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Такер Карлсон повторно во Москва: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Такер Карлсон повторно во Москва: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски
СВЕТ

Такер Карлсон повторно во Москва: Подготвува обемно интервју со Сергеј Лавров, не му било дозволено да го интервјуира Зеленски

Објавено December 4, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Американскиот новинар Такер Карлсон на својата сметка на социјалната мрежа „Х“ објави дека допатува во Москва на интервју со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Карлсон додаде дека интервјуто ќе биде објавено наскоро и дека е исклучително интересно.

Захарова: Интервјуто е опширно, адресирани се најактуелните прашања

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека интервјуто на Лавров е опширно и трае околу час и половина, а ќе биде објавено за неколку дена.

– Ми се чини дека Сергеј Викторович даде посебна нота во својата интеракција со медиумите, што подразбира комбинација на отвореност, професионалност, добра волја, но истовремено и јасни укажувања на националните интереси. Редовно се објавуваат интервјуа во руски и странски медиуми, се одржуваат прес-конференции, различни формати, брифинзи, коментари и еве уште еден – нагласи Захарова.

Според неа, интервјуто сега се преведува и се уредува.

Портпаролката додаде дека разговорот бил многу интересен и дека е посветен на најактуелните прашања кои сега загрижуваат многу луѓе и во Русија и во Соединетите Американски Држави, како и во целиот свет.

САД го забранија интервјуирањето на Зеленски

Карлсон во соопштението нагласи и дека американската амбасада во Киев не дозволила Владимир Зеленски да биде интервјуиран од новинар.

– Повеќе од една година се обидуваме да направиме интервју со Зеленски. Се обидовме да пристапиме од различни страни, разговаравме со многу луѓе од неговата околина. Постојано размислувавме, но американската влада се спротивстави на тие напори – изјави Карлсон.

Тој посочи дека на Зеленски му било дозволено да разговара со Си-Ен-Ен, но не и со него.

Американскиот новинар додаде дека граѓаните на САД не ја знаат целата ситуација, бидејќи немаат пристап до информации.

Карлсон рече дека Американците го знаат само она што го пренесуваат американските медиуми, на пример, ТВ Ен-Би-Си и весникот „Њу Јорк Тајмс“.

Според него, САД всушност се во состојба на вистинска војна со Русија, а повеќето Американци тоа не го ни сфаќаат.

– Светот е поблиску до нуклеарна војна од кога било досега во историјата – нагласи Карлсон.

Објавувањето на Карлсон на интервјуто со Лавров веќе собра четири милиони прегледи на социјалната мрежа Х.

Карлсон на почетокот на оваа година го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, а интервјуто предизвика огромен интерес ширум светот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди турското летувалиште Аланија
Следна Статија Надзор во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера им рече на илјадниците свои приврзаници во Вашингтон дека ќе воведе строги ограничувања за…

January 20, 2025
СВЕТ

Трамп: Се воведуваат царини од 30 проценти за ЕУ и Мексико

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се закани со 30% царини за производи од Мексико и Европската Унија во…

July 13, 2025
СВЕТ

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне…

April 18, 2026
СВЕТ

Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?