Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор
ХРОНИКА

Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор

Објавено December 6, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол.

Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.

Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен државјанин на Турција, пронајдени осум мигранти во возилото кое го управувал
Следна Статија Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски…

July 1, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека Раде Трајковски…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Ивица Коневски е инвеститор на зградата каде што загина работник

Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина…

April 24, 2026
ХРОНИКА

Две лица се обиделе да изнудат 5.000 евра од стоматолог, му се заканувале со видео клип

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?