Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата

Објавено December 6, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Да почекаме да дојде 11 декември, да видиме како сето ова ќе се развива и еволуира, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со денот кога Уставниот суд треба да ја одржи расправата за уставноста на Законот за јазиците.

Според Мицкоски, се работи за уставни судии избрани од мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ кои сега ДУИ ги критикува.

Премиерот е дециден дека не постои опасност по безбедноста на државата и покрај ставот на ДУИ според кој „овој Закон е производ на комплициран компромис, постигнат по долгогодишни напорни преговори, а одлука што би го прекршила би претставувала враќање во неизвесна и проблематична иднина“.

-Точно тоа што го зборувавме со трите члена, тоа е оспорено. Има и други иницијативи, но зборуваме за таа иницијатива што е во моментов актуелна. Тоа се уставни судии избрани од мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ. Ниту ги познавам тие судии, ниту знам кои се. Напротив, некои од нив сме ги напаѓале. Да почекаме, да дојде 11 декември, да видиме како сето ова ќе се развива и еволуира. Вашата загриженост е на место зашто судиите избрани од ДУИ и СДСМ сега се напаѓани од истата таа ДУИ, а кога станува збор за заштита на криминалците кои правеле криминал тогаш истите овие обвинители и судии се во нивна одбрана. Малку чудно е ова ама ќе видиме, времето ќе покаже, одговори Мицкоски на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш напомена дека не постои опасност по безбедноста.

-Не постои опасност по безбедноста, ниту некогаш сме дозволиле да постои. Сме предупредувале дека има обиди да се наруши безбедноста и ова е еден од тие обиди. Има некои места каде што се состануваат поединци кои сакаат да направат безбедносна тензија. Ние како држава и Влада ќе сториме се за да гарантираме безбедност посебно сега, во услови кога сите индикатори, економски параметри, ниво на странски инвестиции, зголемени плати, реформи, раст на БДП,… одат во позитивна насока. Ние сме свесни дека тие елементи кои сакаат да не влечат назад во политичкото мочуриште и во минатото, но граѓаните да бидат сигурни дека многу анализираме и работиме со нашите стратешки партнери. Ниту тие ние, ниту Владата ќе дозволи да има какви било безбедносни проблеми, подвлече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време
Следна Статија Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновси: Нема да се појавам во Собранието за неуставна интерпелација, заборавете на правна држава ако се воведе Бадентерово мнозинство во Уставниот суд

Оправдано е да постои судски механизам за поништување на поединечните акти донесени во Собранието, но во одлуката за поништување на…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани мора да се одвива без политичко влијание

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?