Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено
ХРОНИКА

Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено

Објавено December 8, 2024 16:30
Сподели
Сподели

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека добил пријава на бројот за итни случаи 112 од жител на кочанското село Видовиште дека е во многу лоша здравствена состојба и поради неподвижност три дена не консумирал храна и течности.

По неговото барање „надлежните институции да се заинтересираат за неговиот случај и да преземат соодветни мерки“, ЦУК контактирал неколку институции за „итно да излезат на терен“, при што од Итната медицинска помош Кочани и СВР Штип одговориле дека немаат надлежност да интервенираат.

Контактиран бил и Црвениот крст Скопје, како и претседателот на ОО Црвен крст Кочани кој, како што наведува ЦУК, известил дека во текот на денот преку нивните волонтери ќе биде доставена храна и вода до болното лице во с.Видовиште.

Контактирано е со директорот на Јавно комунално претпријатие „Водена кула” од Зрновци и од нивна страна е испратено лице во манастирот во с. Видовиште од каде што ќе биде однесено јадење и други потреби на пријавителот. На првиот работен ден (вторник) лицето ќе биде посетено од одговорни лица од Центарот за социјални работи Кочани за преземање мерки во нивната надлежност, соопшти ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проф.Груевска им одговори на албанските интелектуалци: Не може јазик што не го разбираат 75 посто од населението да биде на исто рамниште со македонскиот
Следна Статија Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Силувана 77 жена од радовишко

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ. Несреќата…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Млад мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Мотоциклист денес загина на патот Дебар кон Струга. Сообраќајна несреќа се случи околу 14:30 часот во близина на селото Отишани.…

May 4, 2025
ХРОНИКА

Приведен директорот на „Комунална хигиена“ – сомнежи за злоупотреби и непостапување во врска со кризата со отпадот во Скопје

Приведен е директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми. Единицата за Економски криминал при МВР попладнево одзема дополнителна документација и лиши…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?