Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ
ПОЛИТИКА

Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ

Објавено December 8, 2024 18:58
Сподели
Сподели

ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Христијан Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната најава на Интегративците дека ќе останат пред Уставниот суд до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците со цел да стражарат за заштита на јазикот.

„За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект. ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека во среда нема ништо да се случи, а тоа го знаат и ДУИ, како и дека не треба мешање во работите на судот.

Според Мицкоски, ова го прави изолирана група поранешни високи владини функционери од ДУИ за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал што набргу ќе почне да се обелоденува.

Премиерот рече дека целта на ДУИ е да предизвика етнички поделби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото
Следна Статија ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства, објави Фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков

На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче се одржа мини митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде потпретседателот Николоски и претседателот Мицкоски му дадоа поддршка…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

– Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?