Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишан договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потпишан договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

Објавено December 10, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава.

Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува.

Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.

Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент.

Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив.

За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони.

Ќе напоменам дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучи своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја.

Продолжуваме секојдневно да придонесуваме за развиена економија и да ги поправаме штетите и проблемите од катастрофалното владеење кое го наследивме од СДСМ и ДУИ.

Токму чекор по чекор доаѓаме и до историски највисоки резултати во привлекувањето на инвестиции од една милијарда евра годинава. Тоа е наша цел, ова нема да биде единствената инвестиција оваа недела, во текот на неделата ќе имаме уште една инвестиција, почнуваме со поставување на еден камен темелник, но за тоа ќе бидете информирани. Се обврзавме дека ќе работиме чесно и посветено. Поставуваме рекорди во услови на тешки гео стратешки, политички и економски услови, но сепак како нова Влада нашата цел е да испорачаме за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за денешната полициска акција: Има сомневање дека лица се здружиле и направиле криминал од 6,5 милиони евра
Следна Статија Мицкоски за Црната листа на САД: Следуваат уште многу потврди на сето она за кое сме имале сомневање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вкупните депозити со годишен раст од 10,5 отсто, а кредитите од 13,6 проценти

Вкупните депозити во јануари на годишно ниво се зголемени за 10,5 %, во поголем дел поради порастот на депозитите на…

February 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кај банките, тие најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Народната банка на Република Македонија денеска објави дека анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,6 проценти што…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските пазари се подготвуваат за позитивно отворање по турбулентната американска сесија

Американските берзански фјучерси пораснаа додека трговците продолжуваат да ја проценуваат иднината на вештачката интелигенција

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?