Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции

Објавено December 10, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 % на што го базираме ова, третиот квартал оваа година имаме раст на БДП од 3%, четвртиот квартал ќе го завршиме со уште поголем економски раст, а веќе ефектот ќе го видиме во првиот квартал од наредната година кога на сите ќе им стане јасно дека со почнувањето на имплементацијaта на капиталните инвестиции, со покачувањето на платите, со подобрувањето на бизнис климата, ќе отидеме зошто и не над овој раст којшто сметаме дека ќе го оствариме, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, во рамките на денешната собраниска седница на која се дебатира Буџетот за 2025 година.

Тој појаснува дека пред да почне седницата Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпишала договори со десет директни странски инвестиции коишто во текот на наредната година или поточно во првите шест месеци ќе започнат со сопствена работа и изградба на нивните капацитети, но истовремено во текот на декември ќе бидат потпишани уште две дополнителни странски директни инвестиции со што бројката ќе се искачи на дванаесет.

-Дефицитот ќе биде 41,4 милијарди денари и замислете на буџет којшто е повисок од 2024 година 3,3 милијарди денари ќе биде помал, тоа значи дека на поголем буџет, дефицитот ќе биде помал отколку овој во 2024 година, тоа нема да го слушнете од овие генијалците за економија коишто седум години не заковаа на дното, прецизен е Стојаноски.

Стојаноски се осврна и на прходната страна од буџетот посочувајќи дека приходите ќе изнесуваат 5,8 милијарди евра или зголемување за 16% и објаснува дека истите за разлика од претходно кога во државата се толерираа шаторџии и топ листи-надреалисти, стрелци на црни листи, сега тие ќе се обезбедуваат преку плаќање регуларно данок за што сведочат и претходните пет месеци во кои приходите од даноци се покачија од 20 до 40%.

-Така ќе продолжиме и во наредната година и од таму ќе имаме повисоки приходи во буџетот. Даночните приходи, ќе отидеме во реализација- наплата 35 милијарди денари од тоа што е повеќе собрано од оваа година, односно 12,3% што значи дека никој нема да биде амнестиран и сте ќе си го платат данокот, концизен е Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Битиќи: Со новиот Буџет владата не се грижи за граѓаните туку само за удобноста на функционерите
Следна Статија Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката. Како што изјави денеска техничкиот дриектор…

January 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Како доматот поскапува 4 пати од нива до маркет?

Васка Мојсовска од Федерацијата на фармери, вели дека производителите не се виновни за поскапувањето во маркетите биејќи своите производи ги продаваат за…

February 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите 5 месеци. Поднесена е 31 дисциплинска…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?