Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
МАКЕДОНИЈА

Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д

Објавено December 12, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата.

На продолжение на 22. седница, со 64 гласа  „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка, на предлог на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во текот на изградбата односно спроведувањето на Проектот се наметна потребата од уредување и на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата што претставува претходен неопходен елемент со цел непречено и забрзано спроведување на Проектот кој е од јавен интерес односно изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, стои во образложението.

Со членот 1 се врши допрецизирање на начинот на обезбедување на финансиските ресурси и плаќањето за обезбедените услуги и работи за спроведување на проектот. Се допрецизира членот 5, во смисла на прецизирање на алокацијата на средствата потребни за извршување на работите поврзани со експропријацијата неопходна за спроведување на изградбата на коридорите 8 и 10д, односно дека исплатата ќе се врши на Инвеститорот во форма на трансфер преку Министерството за транспорт.

 На денешната седница беше изгласан и за Законот за гаранција од државата на обврските по Финансискиот договор  за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициска банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост, по скратена постапка. Предложените одредби се направени со цел обезбедување целосно и успешно завршување на градежните активности на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“.
Со склучување на амандмани на Финансискиот договор, на Договорот за гаранција и на Договорот за грант со ЕИБ ќе овозможи средствата обезбедени од Европската инвестициона банка и од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, да бидат достапни за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“.

Собранието го усвои и Законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, по скратена постапка, со кој се воспоставува нов начин на известување за финансиско управување и контрола и внатрешна ревизија, се основа Совет за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, како советодавно тело на министерот за финансии и се создава основа за донесување на подзаконските акти во рок од 18 месеци.

Изгласани беа и законите за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, на Законот за јавна чистота, на Законот за комуналните дејности, на Законот за гробишта и погребални услуги, со усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Прифатени се и предлозите за разрешување на членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Игор Ивановски, Сулејман Ахмети и Александра Кокаровска, како и членот на Регулаторната комисија за домување Ќемал Ќамили. 

Во тек е пауза на барање на координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, кој упати процедурална забелешка откако беше отворена општата расправа по Предлог  законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новитет на граничните премини: Пасошите ќе се скенираат, „збогум“ на удирањето печат во нив
Следна Статија Петрушевски: ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност

Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се става во василопита на Св. Василиј

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК

Со „паметни часовници“ ќе биде овозможен автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде нагласуваат…

January 25, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?