Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата

Објавено December 13, 2024 13:31
Сподели
Сподели

Шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава Михалис Рокас, денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со американската црна листа на која се ставени поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, рече дека сега е важно судството во земјава да ги преземе сите можни активности поврзани со овој случај, но и со сите други случаи каде што е присутна корупцијата во државата.

„Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа. Меѓутоа, она што е важно е дека судството во државата треба да ги преземе сите активности не само во врска со овој последен случај, туку и сите други видови на корупција кои се присутни, со цел да имаме независно судство“, рече Рокас.

Тој додаде дека ЕУ има преземено значајни активности и напори за обезбедување механизми за зајакнување на судството.

„Тука можам да ја споменам оценската мисија на ЕУ, која што издаде 40 препораки за судството во Северна Македонија, така што мислам дека најважно е судството да стане независно тело. Професионално и независно судство останува клучен приоритет за идниот интегративен процес на Северна Македонија во ЕУ. Со постоење на независно судство, ќе се зголеми довербата во општеството и се надеваме дека ова ќе се случи многу поскоро“, додаде Рокас.

Прашан за претресите кои се случуваат во Судскиот совет, Рокас рече дека Јавното обвинителство треба да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција.

„Мислам дека канцеларијата на Јавното обвинителство секогаш треба да ја има можноста да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција. Без разлика дали станува збор за индивидуални или општи акти, во едно демократско општество на Јавното обвинителство треба да му бидат ставени на располагање сите механизми за да може да изврши истрага за можна корупција“, додаде Рокас.

Евроамбасадорот денеска е во посета на Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал
Следна Статија АЕК планира приходи од 572 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег

Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?