Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег

Објавено October 18, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.

-Замолувам за малку трпение. Избрзани чекори се секогаш би рекол лош потег, можеби треба малку да исдигестираат работите за да можеме со ладна глава да отспиеме и да донесеме вистинска одлука. Се е во оптек. Патувам викендов во Австрија, ќе бидам дел од еден настан во Салцбург, потоа ќе имам средби со високи претставници на австриската Влада и австриското општество, претседателот, министерот за надворешни работи. Таму знаете имаше скоро и избори па во тек е формирање на нова влада, ќе видиме како ќе биде со актуелниот премиер, потоа доаѓа претседателката на ЕК, па имаме Европска политичка заедница состанок во Будимпешта на 7 ноември, така што нека се направи една анализа да видиме како сето ова ќе функционира. Ако успееме на овој начин да ја постигнеме целта јас не би брзал со носење, рече Мицкоски.

Во однос на изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која ги повика македонските власти „да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање“, Мицкоски кажа дека постојат за жал земји-членки на ЕУ кои не ги почитуваат европските вредности.

-Колку што сум информиран апсолутно ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која што е одговорна да носи одлуки за почитување и непочитување на човековите права, тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји членки во Европа коишто имаат десетици такви пресуди коишто не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите членки не само за кандидатите. Јас би сакал да ја упатам Јотова овој совет да го даде и кон тие земји членки коишто треба конечно да ги почитуваат и коишто се испречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Еве имаме такви 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија. Еве, ги повикувам истите овие коишто ни даваат нам совет да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Ние не бараме да бидеме дел од Уставот барем од тоа што таму сум го слушнал, туку да се организираат во невладини организации. Тоа е нешто што може да го направат во таа насока, бидејќи јас колку што знам Бугарија како држава е потписник на Резолуцијата за заштита на човековите права. Така што, од прилика тоа би бил мојот коментар, рече Мицкоски.

Јотова, на настан кој се одржал вчера во Ќустендил, на тема „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година. Кодекс на опстанок“, под покровителство на потпретседателката, а на кој учествувале и претставници на бугарските заедници од Македонија, Албанија, Грција, Косово, Романија, Турција и Србија, рекла дека „овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши“.

-Агресијата, не само вербалната, е непростлива, а кога насилството крие тврдоглава, но длабоко погрешна теза и уште повеќе неисполнување на веќе преземените меѓународни обврски. Веројатно ќе погодите дека станува збор за еден од нашите западни соседи – Република Северна Македонија, за која, за жал, последниве години, наместо за потпишан договор и неговото спроведување кое го носи името „Добрососедство“, сака да одиме во спротивна насока. Неподносливо е кога една страна треба да го трпи недостатокот на почитување на човековите права, со газење на правото на изразување, да кажувате кој сте и од каде доаѓате и со кое потекло, рекла Јотова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка
Следна Статија Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов закон за миленици – казни до 400 евра за несоодветно чување кучиња, до 5.000 евра за мачење

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви значајни измени на законската рамка за заштита на животните, со кои се воведуваат построги…

May 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

National Geographic ја прогласи Македонија за скриен бисер на Балканот: Храна, природа и автентичност без масовен туризам

Во најновата туристичка анализа посветена на балканските земји, престижниот „National Geographic“ ја издвојува Македонија како идеална дестинација за љубителите на…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?