Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

Објавено December 16, 2024 15:00
Сподели
Сподели

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат околу 2 800 граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски инвеститори.

Според примерот, инвестициите директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст и за локалниот екононски развој.

Целта е годинава да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или меѓу неколкуте водечки во Европа, подвлече Мицкоски.

На состанокот со Советот, рече, се разговарало и за усогласување на глобалниот минимален данок.

– Разговаравме за единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, оние пет отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто да ги уплатат во нашиот Буџет, истакна премиерот.

Тој се осврна и на домашните инвестиции. Потсети дека наскоро од денеска на македонските компании ќе им бидат ставени на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот кредит.

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, ги пофали институциите дека забележале прогрес во однос на идеите и забелешките што им биле дадени од страна на бизнисот во изминатиот период. И тој го спомна усогласувањето на глобалниот минимален данок, кој, рече, ќе афектира 50 компании во земјава.

– Ќе мора таа регулатива да се адаптира со глобалната, подвлече Мизо и информира дека на денешниот состанок во Владата станало збор и за усогласување на царинските стапки и дополнителната хармонизација со царините во ЕУ, за Законот за странци, за добивање работни дозволи, дозволи за престој и дигитализација на тој процес, како и за воспоставување на глобалните меѓународните сметководствени стандарди.

На состанокот биле присутни околу 50 компании од сите сектори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер за Владата на премиерот Мицкоски: Тие постигнаа значителен напредок!
Следна Статија Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Биткоин ETF: Рекорден трговски волумен од 40 милијарди долари сигнализира институционален интерес

Американскитеspot биткоин ETF-ови забележаа историски трговски волумен минатата недела, со IBIT во водечка позиција.

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција

Полнењето на државната каса се одвива подобро од планираното. Извршувањето на буџетот оди според очекувањата. Биле собрани повеќе приходи во…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2028 година Македонија ќе биде лидер во инфраструктурата во регионот

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?