Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста
ХРОНИКА

Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста

Објавено December 16, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Притвор во траење од 30 денови им е одреден на четирите лица кои беа уапсени во полициска акција што вчера утрото била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица поради основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица кои, утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

Согласно решенијата за притвор, според Судот, постојат основани сомненија од чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 Односно Опасност дека осомничените може да се дадат во бегство и Опасност истите да ја попречат истрагата со влијание на сведоци, па заради тоа и е определена мерката притвор.

Од Судот појаснуваат дека против овие решенија странките имаат правно на жалба пред Кривичниот совет.

Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, информираше дека се уапсени овие четири лица.

– Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски.

Тој додаде дека кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а оти во однос на мотивите имаат основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Следна Статија Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим Папранику во моментов се наоѓа во полициската станица…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Стефан Богоев доби 30-дневен притвор

Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев и уште три оосмничени лица, на барање…

June 4, 2026
ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?