Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали
МАКЕДОНИЈА

Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали

Објавено December 16, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија. Опфатени се и поранешен генерален секретар и државни службеници. Посочи дека утринава постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје извршени се повеќе претреси и активности.

Постапено е по кривична пријава којашто на 13.12.2024 година од страна на Одделот за сузбивање на Организиран криминал и корупција, Сектор за криминалистички истраги и единица за корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, едниот е поранешен вицепремиер, едниот е поранешен директор на едно правно лице и едниот е поранешен Генерален секретар, останатите се државни службеници, коишто работат во рамките на едно од правните лица. Во оваа фаза постои сомнение дека истите сториле повеќе кривични дела, коишто на крајот имаат доведено до поголема штета на буџетот на македонските граѓани – рече Тошковски.

Многу добро знае јавноста кои се тие две лица, рече Тошковски.

Јас би упатил јавен повик, дo еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка – рече Тошковски.

При претресите кај еден од нив се пронајдени парични средства во износ од околу 40.000 евра, а кај второсомничниот околу 20.000 евра, додека две од предметните лица не се достапни на органите на прогонот.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски не ги објави имињата, бидејќи овој случај е во рана фаза. Извршен е претрес кај лицата. Прашан за првиот вицепремиер, Артан Груби дека е надвор од државата, Тошковски со одговор дека лицето е излезено надвор од државата, а какошто вели „сакам да ја информирам јавноста дека се сторени пропусти од страна на граничната полиција, се води истрага во моментов“.

Поранешниот вицепремиер Груби, кој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД поради наводи за значителна корупција, доцна синоќа на Фејсбук објави дека е надвор од земјава во приватна посета.

Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување, напиша Груби во објавата.

Стејт департментот на САД на 9 декември соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, а не на билатерални спорови, порача Мицкоски
Следна Статија Вонреден инспекциски надзор за починатото бебе на Детска клиника во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве каде ги трошат парите: Филипче на приватна журка во Дубаи со Заев и Харис Џиновиќ (ВИДЕО)

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Препораки од здружението „Стогово“ откако мечка беше видена и на булеварот во Дебар

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судењето „Онкологија 2“ започна од почеток

Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот. -Денес им оддаваме почит на сите…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?