Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти
МАКЕДОНИЈА

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Објавено December 18, 2024 19:30
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија (ЛДП) во наредниот период ќе предложи измени на Законот за основно образование со цел вработување на образовните асистенти за децата со попреченост на неопределено работно време.

Околу 1300 ученици со попреченост во земјата наставата во основното образование ја следат со поддршка од образовна асистенција. Затоа, Министерството за образование и наука секоја година, преку петте основни училишта со ресурсен центар, вработува околу 1000 образовни асистенити кои имаат завршено високо образовани од областа на педагошките науки. Овие образовни асистенти се вработуваат на определено време до крајот на училишната година, а пред почетокот на наредната училишна година се објавуваат нови огласи. Ваквиот начин на ангажирање на овој многу потребен кадар во училиштата предизвикува низа проблеми, како што се случи и оваа учебна година, кога децата со попреченост не беа во можност да ја започнат навремено училишната година поради прекинатите договори на образовните асистенти. Понатаму, во текот на училишната година често се случува некои од образовните асистенти да ја напуштат работата поради нерешен статус, што влијае негативно на децата, кои веќе се навикнале на својот асистент.

За трајно решавање на овој проблем, ЛДП ќе предложи амандман за измени на Членот 10 од Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование, со кој се дефинираат измените на член 19 став 7, кој ќе гласи „Образовните асистенти се вработуваат на определено или неопределене време во основните училишта со ресурсен центар. Средствата за образовните асистенти се обезбедуваат од Буџетот на Министерството“.

На овој начин ќе се овозможи образовните асистенти кои се истакнале во својата работа да се вработат на неопределено време, со што ќе се зголеми мотивацијата на истите и ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги даваат, истовремено намалувајќи го оптоварувањето на основните училишта со ресурсен центар, кои секоја година во летниот период објавуваат огласи за вработување на повеќе од 200 образовни асистенти.

ЛДП како и досега, продолжува да се залага за квалитетно и инклузивно образование за сите ученици, без разлика на нивната вера, националност, етникум или пак физичко ограничување и во таа насока ќе продолжи да доставува предлози за подобрување на законските решенија од оваа проблематика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати
Следна Статија Oд здравствени причини одложен концертот на Владо Јаневски во „Јане Сандански“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лукровски веќе прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош Сотир Лукровски веќе ја прогласи победата.

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?