Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале

Објавено December 20, 2024 10:54
Сподели
Сподели

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на Оливер Спасовски. Сите знаеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијата и молчеле. Молчеле само поради една причина, а тоа е да не падне владата и да опстане коалицијата СДС- ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски му бил соучесник во криминалот на Артан Груби. Оливер Спасовски и МВР, исто така, знаеле за криминалот на Груби и не реагирале.

Молчеле и не реагирале, со години немало никаква реакција од институциите под раководство на СДС и ДУИ. Само за да опстане коалицијата ден повеќе на власт и да продолжат криминалните зделки и богатењето на грбот на граѓаните.

СДС се виновни за ширењето на криминалот и корупцијата на ниво на пандемиски рамери.

СДС се виновни за грабежот на Груби поради тоа што знаеле и имале можност, но не го спречиле од лукративни причини.

Во СДС ништо не се менува и ден денес истите луѓе на Заев, Ковачевски, а сега Филипче повторно се таму. Истиот профил и ментална матрица на луѓе кои не носат нови, свежи и иновативни идеи за просперитетна иднина, туку се заглавени и испреплеткани во лавиринтите од минатото.

СДС наместо да спинува и да ја манипулира јавноста со евтини трикови, да се засрами затоа што функционери од СДС шурувале со криминални банди и структури и да го повика Груби да одговори пред правдата“, наведуваат во соопштението од партијата.

-Нема повеќе место за криминалци во политиката, време е за одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Важно е што во ЕУ се слуша поинакво мислење, самите членки се изморени од објаснување зошто пристапниот процес не треба да се билатеризира, туку европеизира
Следна Статија Скопје утрово е најзагаден град во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК обвинети во Хаг за воени злосторства

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Партиите се подготвуваат за локални избори

Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски…

April 17, 2025
ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?