Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно
МАКЕДОНИЈА

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

Објавено December 22, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.

Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавуваат, дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат и актуелните кум Божидар Јанковски Бобо и здравичарот Анастас Тановски Таше, како и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, но и повеќе кумови и здравичари од изминатите години.

Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“. Тука скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Борнмут го декласира Манчестер јунајтед среде „Олд Трафорд“
Следна Статија Ќе се произведува првoто вселенско јапонско саке, а ќе чини 100 милиони јени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на вчерашниот ден, главниот…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почина македонскиот писател и преведувач Михаил Ренџов

На 88-годишна возраст, денеска почина македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Ренџов е…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Средба на Мицкоски со Гренел: Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој

Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, порача премиерот Христијан Мицкоски по денешната средба во…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните очекуваат резултати од нас, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес

Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа, само би сакал да кажам дека секогаш кога…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?