Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган
ПОЛИТИКА

Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган

Објавено December 23, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме вистински ветинг, додека имаме селективно судство што не врши функција според законите, туку нештата ги гледа од која етничка припадност доаѓаш, упатувам порака без оглед на политичката чистка и бурите што ги прават, дека ДУИ е ураган, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на вечерашниот традиционален новогодишен прием.

Во обраќањето, Ахмети посочи дека меѓуетничките односи се клучот за иднината на земјава и дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба подеднакво да работат за граѓаните, бидејќи „оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година кога се отстранија албанската и турската заедница“.

Охридскиот мировен договор е она што прекина трагедии и го отвори патот на дијалогот и мирот. И ние не сме пишман што го прифативме договорот и го потпишавме договорот без разлика што компромисот не ги задоволува сите страни, но гарант на овој договор се ЕУ и САД. Да го ризикуваш овој договор значи враќање назад. Претставниците на нашите граѓани, без разлика дали од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, исто како нас треба да работат за граѓаните, бидејќи оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога се отстранија албанската и турската заедница. Овие пракси ниту биле, ниту се добри за мирот, стабилноста и безбедноста. Секое загрозување на Охридскиот договор е опасност, затоа што става во движење несакани опции за нас, ниту за мирот и стабилноста на регионот, рече Ахмети.

Според него, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците, истакнувајќи дека не сакаат конфилкт, туку влез во Европската унија. Единственото решение за владеење на правдата е спроведување на ветинг, за кој Ахмети рече, го избегнуваат сите политички страни.

Да користиш селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници… Единственото решение за ние да имаме правда и праведно правосудство и држава каде што преовладува законот, што обезбедува баланс на власти е ние да направиме вистински ветинг. Не знам зошто страните го избегнуваат ветингот, да се направи избор на судии и обвинители од оние кои докажале дека го применуваат законот, рече Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хонда и Нисан се спојуваат во нов гигант во автомобилската индустрија
Следна Статија Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев е најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори,…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова најавува дека центарот на Скопје ќе го направи пешачка и велосипедска зона

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола, град кој ќе биде пристапен и функционален“, порача…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Бубо Каров не реагирал што го нарекувале „Северџан“

Откако ме прогласија за предавник и откако ме прогласија за Северџан, не реагирав. Искрено да кажам, никогаш и не сум…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?