Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини
ХРОНИКА

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Објавено December 24, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што запленети се златни монети, лекови, фотоапарати, делови за мобилни телефони, автоделови, како и опрема за боречки вештини. Во продолжение детали:

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

  • Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин Табановце. Во нивната намера се спречени од царинските службеници коишто извршија контрола на автомобилот при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, открија 5 златни монети со проценета вредност од половина милион денари. По откривањето на монетите за нивен сопственик се пријавил трет патник инаку германски државјанин кој исто така патувал со истиот автомобил.
  • На Меѓународен аеродром Скопје е спречен шверц на 1.200 таблети Plaquenil што се употребуваат за третман на лица со автоимуни болести. Таблетите се пронајдени во куфер на државјанка на Босна и Херцеговина, која патувала со лет од Истанбул.
  • Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање е пронајдена при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Табановце.
  • Мобилни телефони и 74 делови за мобилни телефони со вкупна вредност од 204 илјади денари се пронајдени во просторот за резервна гума на автомобил со косовски регистарски таблички управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.
  • Службата за мобилен скенер, во надворешна преграда на влекач на товарно возило пронајде четири турбо компресори за патнички и товарни возила. Непријавените производи се откриени во возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.
  • Во друг случај Службата за мобилен скенер при контрола на камион, во просторот за палети, откри 13 кимона за карате и 47 пара боксерски ракавици коишто не биле пријавени. Делото е откриено на царински терминал на граничен премин Табановце, каде при скенирање на камионот со македонски регистарски таблички се утврдени неправилности по што е извршена контрола на возилото.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Производи со изминат рок ставале во новогодишни пакетчиња: Спроведени 62 вонредни контроли
Следна Статија Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања

Судот на денешното рочиште ги разгледуваше снимките кои треба да ја прикажат движечката патека на возилата користени во киднапирањето на…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Екс директорот на „Комунална хигиена“ – Сабахадин Рустеми доби кривична

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Таа се разведувала од него, тој и ставил уред за следење на автомобилот

Скопјанка пријавила во полиција дека сопругот со кој се разведувала ѝ поставил уред за следење во возилото. Ова е една…

March 15, 2026
ХРОНИКА

Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби речиси пет години затвор

Основниот суд Куманово го осуди шеесетгодишниот државјанин на Р. Бугарија и на Р. Србија, Предраг Миленков за кривично дело измама…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?